Кузмановски: Полни со самодоверба одиме на мегдан со Вардар!

189

Денеска е ден за дерби. Во СЦ „Јане Сандански“ стартува вториот круг во плеј-офот, а ќе се сретнат Вардар 1961 и Пелистер, наголемите ривали, дуелот е закажан во 18 часот.

Битолчани со победа над „црвено-црните“ ќе ги решат сите дилеми околу шампионската титула, имаат 23 бода, пет повеќе од Вардар, кој се наоѓа на второто место на табелата. Првата средба во Битола беше лесна задача за актуелниот првак (27-21), но тогаш „црвено-црните“ одиграа под своите можности, не беа комплетни.

Капитенот на Пелистер, Филип Кузмановски го најави мечот. Иако имаа малку време за одмор по пресметката со Алкалоид, сепак верува дека со цел плен ќе си одат од Скопје.

„Ова ќе биде сосема различен меч од оној првиот во кој рутински стигнавме до победата. Вардар ќе игра на домашен терен, ние можеби малку сме изморени бидејќи имавме тежок меч со Алкалоид. Тактички дотеравме некои работи во нашата игра, можеби ќе повториме одредени акции кои ни успеаја на првиот меч со Вардар, но најважно ќе биде да имаме вистински пристап на овој дерби меч. Одиме со кренати глави, полни со самодоверба на мегдан со Вардар, на последното дерби со Алкалоид покажавме извонреден карактер и се надевам дека истото ќе го демонстрираме и на претстојниот меч со големиот ривал“, изјави Филип Кузмановски.

ПретходноЛШ: Дуел на гигантите на „Бернабеу“, Баерн на тешко гостување во Лондон
СледноТиквеш и Брера со заедничко соопштение по повод инцидентот во Кавадарци!