ЛШ: Дуел на гигантите на „Бернабеу“, Баерн на тешко гостување во Лондон

187

Вечерва во 21 часот ќе се одиграат првите два меча од четвртфиналната серија во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Старите познаници Реал Мадрид и Манчестер Сити се среќаваат на „Сантијаго Бернабеу“ во најатрактивниот дуел од четвртфиналето. Двата тима трета сезона по ред се среќаваат во нокаут-фазата на турнирот. Минатата сезона „граѓаните“ ги победија Шпанците со вкупен резултат 5-1 во полуфиналето, а година пред тоа се сретнаа во истата фаза, но, тогаш Реал беше победник.

Тимот на Карло Анчелоти веќерва ќе се обиде да ја искористи домашната предност и да се обиде со победа да отпатува на реваншот во Англија, каде актуелниот европски шампион ќе се обиде пред своја публика да го завери пласманот во полуфиналето.

Реал победи на сите претходни 11 натпревари во 1/4-финалето на Лигата на шампионите, постојано елиминирајќи ги противниците од Англија во оваа фаза во последните три сезони. Манчестер Сити, пак, има негативна статистика на гостувањата кај шпанските ривали – осум порази наспроти четири победи. Сепак, тимот на Пеп Гвардиола е во серија од 22 натпревари без пораз во Лигата на шампионите.

Тимот на Анчелоти е непоразен на 13 последователни натпревари во сите натпреварувања.

Во вториот меч, Арсенал го пречекува Баерн (Минхен) на „Емирати“. Двата тима во овој дуел влегуваат од сосема различни позиции според формата. Лондончани се во жестока битка со Ливерпул и Манчестер Сити за титулата во Англија, а веќе се на врвот, додека Баварците викендов забележаа нов пораз и речиси сигурно ги минуваат последните денови како германски шампиони.

Баварците го елиминираа Лацио со вкупни 3-1 во осминафиналето, иако го загубија првиот натпревар, додека избраниците на Микел Артета забележаа еден пораз во својата група, а потоа се мачеа со Порто, па преку пенали стигнаа до четвртфиналето.

Историски Баерн Минхен има шест европски титули, додека Арсенал нема ниту една.

ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:

РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ

РЕАЛ: Лунин, Карвахал, Рудигер, Милитао, Менди, Камавинга, Крос, Валверде, Белингем, Винисиус, Родриго

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Аканџи, Стоунс, Дијаз, Луис, Родри, Фоден, Де Бруине, Бернардо, Грилиш, Халанд


АРСЕНАЛ – БАЕРН МИНХЕН

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габирел, Томијасу, Жоргињо, Рајс, Одегард, Сака, Хаверц, Мартинели

БАЕРН: Нојер, Кимих, Диар, Де Лихт, Дејвис, Лајмер, Горецка, Сане, Милер, Мусиала, Кејн

ПретходноВардар денеска ја официјализира соработката со новиот спонзор
СледноКузмановски: Полни со самодоверба одиме на мегдан со Вардар!