Во вториот меч во групата 2 од квалификациите во Лигата -Ц, нашата најдобра женска репрезентација беше поразена со 0:5 од силната селекција на Словенија.
По победата над Летонија на гости во Рига, денеска на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, избраничките на селекторот Алекандар Андов беа убедливо поразени.
Сепак треба да се каже дека и покрај високиот пораз, нашите фудбалерки во текот на целиот меч играа борбено, но квалитетот се виде дека е на страната на Словенките.
Првата шанса на мечот ја имаше нашата репрезентација и тоа во 5.минута преку Рочи. Потоа следуваше далеку подобра игра на Словенија која се покажа како далеку поквалитетен противник.
Гостинките во водство од 0:1 дојдоа во 24.минута со голот на Корошец, за 0:2 Панчурова си даде автогол.
Со тој резултат се замина на пауза.
Само што започна второто полувреме Македонија тргна поофанзивно, а тоа беше шанса за Словенија која поведе со 0:3 и тоа со голот на Прашникар во 56.минута. Во самиот финиш на мечот, Кајзба стрелаше за 0:4. И тоа не беше се, Колбл во 88.минута постигна гол за 0:5.
Инаку селекторот Андов мечот го започна со следниот стартен состав: Панчурова, Недева, Лимани, Николовска, Панеска, Максути, Велкова, Андонова, Марковска, Нацева, Рочи.
Во продолжение од средбата во игра влегоа и Мустафа, Петровска, Шопов, Мојсоска.