Мансини избегна сериозна казна за веењето на знамето со стаорец

624

Дефанзивецот на Рома, Џанлука Мансини ја дозна казната од страна на Фудбалската федерација на Италија поради веењето на знамето со боите на Лацио и стаорец на истото пред противничките навивачи. Рома го совлада Лацио со 1:0 по пауза од две години, а Мансини го развеа знамето провоцирајќи ги противничките навивачи.
Со тоа ја подигна тензијата на трибините, поради која навивачите на двете екипи почнаа со расистички навреди и пцуење кон играчите и едни кон други.
Мансини избегна суспензија и доби само парична казна од 5000 евра. Тоа значи дека нема ништо од забрана за играње на натпревари како што претходно се претпоставуваше. Мансини ќе се појави на следниот меч.

ПретходноАнгличаните си кажаа: Ова се најдобрите 10 стадиони во светот! Белградска “Маракана“ на 48.место!
СледноПелистер остана со празни раце, Вардар не дозволи шампионско славје во Скопје (ФОТО)