Пеп вечерва на „Бернабеу“ без двајцата стандардни дефанзивци

167

Дефанзивците на Манчестер Сити, Кајл Вокер и Нејтан Аке останаа надвор од тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Официјалната веб-страница на клубот објави дека во главниот град на Шпанија заминаа со 21 играч, а меѓу нив ги нема двајцата дефанзивци кои се повредени.

Аке го пропушти тренингот на Сити на 8 април, а Вокер работи по индивидуална програма. Првиот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва.

ПретходноПо успехот во Рига, фудбалерките денеска во Скопје ја „напаѓаат“ Словенија
СледноАко вечерва загуби во Лондон, Тухел веднаш добива отказ, а се знае и неговата замена