Саудијците си направија список: Модриќ, Де Брујне, Каземиро, Лукаку, Салах и Сон се нивните желби!

182

И повеќе од јасно е дека Европа, барем засега, нема шанси да им парира на пребогатите клубови од С. Арабија во однос на платите. Кристијано Роналдо е платен 200 милиони евра годишно нето, додека највисоката плата во Европа ја има Килијан Мбапе во ПСЖ и тоа 70 милиони евра бруто, или трипати помалку.

Овие две години во С. Арабија заминаа многу мега -звезди, но се чини дека допрва ќе следува егзодусот.

Последните информации од Ријад велат дека за во јуни направен е списокот на желби, на играчи по кои Саудијците ќе тргна со сите сили.

А тоа се Лука Модриќ, Кевин Де Брујне, Каземиро, Ромелу Лукаку, Мохамед Салах и Хеунг Минг – Сон.

За сите нив нема да се штедат пари за да се донесат во С. Арабија.

ПретходноНовак го збриша Сафиулин и се пласира во 1/8 финалето во Монте Карло!
СледноВојдан со апел до фановите: Дојдете во што поголем број заедно да го победиме Широки!