Со доверба за Жижовиќ, Шкупи бара двојна круна

476

Без разделба со тренерот Младен Жижовиќ заврши денот на одлуки во Шкупи каде има нервоза по слабите игри и резултати на екипата по кои се доведени во прашање и двете титули кои ги брка тимот од Чаир оваа пролет.

Првенствениот пораз од Брегалница во неделата го запали црвеното светло по кое имаше најави дека е можна смена на шефот на стручниот штаб. Жижовиќ останува затоа што турскиот спонзор Ајдин Олгун нема други и подобро решение во моментов кога се кршат коппшајата на двата фронта.

Во сабота е дуелот дома со Македонија Ѓ.П., а потоа е реваншот со Тиквеш во Кавадарци од ½ финалето во Купот по оние 0:0 во Скопје. Шкупи има играчка криза, но и само – 3 бода зад Струга, но продолжува со истиот тренер на клупата, а заклучокот од денот за одлуки со газдата е дека на Чаир е потребен квалитетен спортски директор кој ќе ги менаџира работите. Да потсетиме дека Жижовиќ еден период имаше и проблем со лиценцата и за неколку средби на клупата фиктивно седеше Зоран Штерјовски.

ПретходноРоналдо доби црвен картон, збесна, па сакаше да го удри судијата (ВИДЕО)
СледноПо успехот во Рига, фудбалерките денеска во Скопје ја „напаѓаат“ Словенија