Светскиот тенисер бр. 1, Новак Ѓоковиќ верува дека Јаник Синер наскоро ќе биде на врвот на ATП листата.
„Кога тој ќе стане прв рекет е прашање на неколку недели. Пласманот не е моја цел, не планирам да играм многу турнири за да освојам бодови. За мене главно е да го покажам најдоброто од себе во периодот од Ролан Гарос до УС Опен, вклучително и на Вимблдон и Олимпијадата. Без сомнение, Синер е убедливо најдобриот играч во светот во моментов. Во 2024 година загуби само еден натпревар и се подобри неверојатно во сите аспекти. Претходно имаше моќни удари, играше одлично и од форхенд и од бекхенд. Но, во одреден момент – зборувам за последните шест месеци – тој почна да игра попрецизно, да си дава повеќе простор, да прави помалку грешки. Тој почна да победува и оттогаш не престана“, вели Ѓоковиќ.