Ако вечерва загуби во Лондон, Тухел веднаш добива отказ, а се знае и неговата замена

453

Доколку Баерн Минхен вечерва загуби од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Томас Тухел веднаш ќе добие отказ, пишува германскиот весник „Абденцајтунг“.

Ако се случи уште една бламажа по онаа во домашното првенство и поразот од Хајденхајм (3:2), Тухел нема да го дочека утрешниот ден како тренер на баварскиот гигант.

Баерн сезонава не успеа да дојде до финалето во Купот, титулата во Бундеслигата е веќе загубена, па за раководството остана само да се надева на Лигата на шампионите.

Во четвртфиналето баварците за противник го имаат Арсенал и доколку загубат Тухел веднаш ќе ја напушти клупата. Очигледно клубот веќе подготвил замена. Во случај на смена, искусниот стручњак ќе го наследи легендарниот германски напаѓач Мирослав Клосе, кој ќе биде назначен за привремен тренер на тимот.

ПретходноПеп вечерва на „Бернабеу“ без двајцата стандардни дефанзивци
СледноЃоковиќ: Прашање на недели е кога Синер ќе биде прв на АТП листата