Со оглед на тоа дека наредната среда (17.10) се играат реваншите од полуфиналињата во Купот на Македонија, дел од натпреварите од 27.коло кои се закажани викендов ќе претрпат мали измени во термините.
Па така во сабота (13.04.2024) со почеток од 15 часот се играат средбите Брера – Воска, Шкупи – Македонија ЃП и Гостивар – Тиквеш. Додека останатите се закажани за стандарниот, неделен теремин од 15 часот а се среќаваат Работнички – Вардар, Струга ТЛ – Брегалница и Шкендија – Силекс.
Што се однесува до второлигашките мечви од 24.коло, сите се играат во сабота со почеток од 15 часот.