По одличниот почеток и победата на гости кај Летонија во Рига со 4:3, женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија денеска од 15 часот на тренинг центарот на ФФМ ќе го одигра и вториот квалификациски меч во циклусот за Европското првенство 2025 година.
Избраничките на новиот предводник на националноиот тим Александар Андов денеска за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Словенија, која во рамките на првото коло од нашата група стартуваше со победа на домашен терен од 2:0 над селекцијата на Молдавија. Според тоа, овој дуел на победниците од првото коло ќе покаже кој ќе остане на лидесрската позиција по воведните две кола.
Нашите девојки мотивирано го очекуваат денешниот дуел и ќе се обидат добрата голгетерска форма од Рига да ја продолжат и во Скопје. Средбата ќе ја суди Кипранецот Ставру, а ќе бидет трета меѓусебна пресметка на овие две селекции. Против Словенија досега имаме две одиграни средби и двете ги загубивме, па денеска ќе се надеваме на прв позитивен скор.