Роналдо доби црвен картон, збесна, па сакаше да го удри судијата (ВИДЕО)

332

Ѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо, синоќа збесна откако доби црвен картон на мечот од полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија. Фудбалерите на Ал Хилал се пласираа во финалето, откако го совладаа Ал Наср со 2:1, а натпреварот го одбележа скандалозното однесување на Роналдо, кој доби црвен картон на крајот од натпреварот.

Во 86. минута кога неговиот тим беше во негатива од 2:0, Роналдо го удри Ал Булајхи, па судијата реши да му покаже директен црвен картон.

Португалецот тргна да го удри судијата, но во последен момент се повлече. Додека го напушташе теренот тој продолжи со гестикулации и предизвика жестоки свирежи од трибините.

ПретходноФранцузинот Филс стана најмладиот тенисер кој победил на меч во Монте Карло
СледноСо доверба за Жижовиќ, Шкупи бара двојна круна