У-15: Македонија во пријателски меч одигра 1:1 на гости кај Црна Гора!

290

Денеска во Подгорица во пријателски меч нашата У-15 репрезентација одигра 1:1 против домашната селекција на Црна Гора. Ова беше уште една убава проверка за селекторот Драган Начевски да го види потенцијалот на оваа наша репрезентација.

Според извештаите од Подгорица, Македонија со голот на Џафери во 52.минута повела со 0:1. Во 76.минута домашните преку Вучковиќ израмниле на 1:1.

Во текот на мечот нашите млади фудбалери во неколку наврати опасно се заканиле, имале и шанси, сепак на крајот резултатот гласел 1:1.

Македонија оваа контрола ја започнала со следните единаесетмина:

Цека, Митревски, Лјачка, Џангаровски, Јордановски, Исламовиќ, Петкоски, Мамути, Цветковски, Петков и Папалиски.

Играле уште и Атанасов, Темелков, Сејдина, Ракипи, Џафери, Руфати, Сулјевиќ, Петровски.

Во четврток, исто во Подгорица овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен меч.

ПретходноМакедонија убедливо поразена од силната Словенија! (ФОТО)
СледноАлкараз се повлече од Монте Карло!