Драма без победник: Мулти Есенс и Голден Арт поделија по бод

76

Ракометарите на Мулти Есенс и Голден Арт одиграа нерешено 30-30 во вистинска драматична завршница на дуелот во Автокоманда во рамките на плеј-аут делот од Суперлигата. Гостите имаа водство од еден гол во самата завршница, но Мулти Есенс постијано се враќаше и на крајот упорноста им донесе еден бод.

Димитар Узунчев со девет и Давид Димевски со осум гола беа најефикасни во домашниот тим, додека кај гостите Милошески и Шилегов постигнаа по осум гола.

Мулти Есенс со овој бод останува на петтата позиција со 14 бода, додека Голден Арт е шести со 10 освоени бода.

ПретходноНеверојатно: Баерн го продава Коман за 70 милиони евра!
СледноРаботнички се намачи, но и вторпат го победи Феникс 2010 (ФОТО)