Со Ливерпул освојуваше трофеи, откако престана да игра фудбал станал зависник од кокаин!

306

Дени Марфи (47) во свое време беше еден од клучните играчи на Ливерпул. Долго играше за “Редси“, со кои освои и шест трофеи, но не успеа да дојде до најважниот, оној во Премиерлигата.

Деновиве во еден подкаст Марфи признал дека откако престанал да игра фудбал станал зависник од кокаин:

Кога фудбалот ќе го снема во вашиот живот, тогаш доаѓаат големи проблеми. Кога сте играч тогаш адреналинот ве држи фокусиран, а потоа ете ти ги проблемите. Не кријам дека станав зависник од кокаин, како да не можев без него, а се знае дека можев. Дојдов во фаза во која ништо не можев да правам без кокаин“ изјави Марфи.

ПретходноЛапорта: Не би менувал ниту еден мој играч за играч на ПСЖ!
СледноНеверојатно: Баерн го продава Коман за 70 милиони евра!