Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е оптимист дека тимот ќе се квалификува во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што не успеа да поведе против Баерн Минхен пред реваншот на Алијанц Арената.
„Во текот на натпреварот се најдовме во различни ситуации. Почнавме одлично, доминиравме и не дозволивме противникот да ни се закани на голот. Постигнавме убав гол и тогаш Бен Вајт се најде сам против Нојер. Да беше резултатот 2:0, се можеше да биде поинаку.
Израмнувачкиот гол внесе неизвесност во нашата игра и потоа примивме втор гол, што е нетипично за нас, но ова е ЛШ и грешките овде се казнуваат. И при 1:2 останавме трпеливи и не избрзавме. Промените имаа позитивно влијание.
Во фудбалот важно е да можеш да ги правиш основните работи беспрекорно. Верувам дека сме способни да победиме во Минхен. Мора многу добро да се подготвиме“, изјави Артета.