Гвардиола веќе нема дилеми кој е најдобар играч на Реал: Со него на Бернабеу една минута е како вечност

4248

Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа спектакуларен прв натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, кој заврши 3-3. Реваншот се игра на 17 април.

За играч на натпреварот беше избран Фил Фоден, кој постигна еден од трите гола на Сити, но зборовите на Гвардиола за еден играч на Реал сигурно ќе го обиколат фудбалскиот свет.

Кралевите имаат одлични поединци, а по вечерашниот дуел Гвардиола не се сомнева кој е најдобар. Тоа е искусниот Тони Крос.

„Тони Крос, ох Тони Крос. Тој ја движи играта на Реал онака како што може. Одигра фантастичен натпревар. Веќе по една минута на Бернабеу, натпреварот изгледаше како вечност. Беше тешко.

Добро се справивме што водевме двапати и не победивме. Имам премногу добро мислење за Реал за да мислам дека ќе дојдеме и ќе одиграме лесен натпревар. Ќе се обидеме се да решиме дома.

Ова е Реал. Бернабеу е посебен. Имаме добар резултат, а за седум дена нашиот стадион ќе биде распродаден. Треба да постигнеме гол, да си ја завршиме работата и да одиме во полуфиналето”, изјави Гвардиола. 

Зборовите на Гвардиола за Крос не се изненадување со оглед на тоа што одличниот Германец со години е во своја класа и тоа го покажува сезона по сезона.

ПретходноПеро Антиќ специјален гостин на Атланта Хоукс
СледноКомплименти за првиот човек на КФСМ: Перо Антиќ е доживотен бренд на Атланта