Женското одбојкарско финале тргнува в недела, машкото во вторник

169

Финалната завршница на одбојкарските шампионати на Македонија почнува овој викенд. Први на сцена стапуваат дамите.

Екипите на Струмица и Работнички ќе бидат во директна пресметка за шампионскиот трон, откако Струмица веќе успеа да се закити со трофејот во Купот на ОФМ. Со оглед на тоа што регуларниот дел од првенството го завршија на првото место, струмичанки ја имаат привилегијата да стартуваат на домашен терен и тоа во недела. Точниот термин за почеток на натпреварот ќе биде утврден веќе во текот на утрешниот ден.

Машкото финале во кое ќе играат финалистите од Купот на ОФМ, Струмица и Штип УГД исто така почнува од Струмица. Во салата „Парк“ актуелниот бранител на шампионскиот трофеј ќе го пречека новиот освојувач на купот и тоа во вторник на 16 април, за кога е закажан првиот меч од финалната серија.

Инаку финалната разврска во двете конкуренции се игра во три добиени меча.

ПретходноАтанасов: Со поддршката на навивачите секогаш играме подобро
СледноЛапорта: Не би менувал ниту еден мој играч за играч на ПСЖ!