За 8 милиони евра по сезона: Конте седнува на клупата на Наполи?!

342

Како што информираат медиумите во Италија, Антонио Конте, екс стратегот на Јуве, Челзи, Интер, Тотенхем…, наверојатно во следната сезона ќе биде стратег на Наполи. Се наведува дека конечно има договор меѓу него и Аурелио Де Лаурентис, газдата на сеуште актуелниот шампион на Италија. Останува само да се дефинираат некои детали и тогаш, веројатно до крајот на овој месец, би имало потврда од двете страни.

Наполи би го плаќал Конте 8 милиони евра по сезона, што е многу помалку од она што го земаше во Интер, но затоа тој би ја имал целата контрола врз трансферите, околу сите прашања поврзани околу првиот тим.

ПретходноУапсени две лица за време на ракометното дерби, едното е од Словенија!
СледноНовак: ОИ во Париз ми се приоритет!