Комплименти за првиот човек на КФСМ: Перо Антиќ е доживотен бренд на Атланта

727

Перо Антиќ овие денови е во САД, поточно гостин на Атланта Хоукс. Тој во 2013 година испиша историја, стана првиот Македонец кој заиграл во НБА-лигата. Во тоа време со „јастребите“ имаа одлични настапи, Перо остави белег во најсилното светско клупско натпреварување. Често пати неговите потези се „вртеа“ низ медиумите во Америка и на социјалните мрежи.

После пет години Перо се врати во САД, пред дуелот меѓу Атланта и Мајами беше специјален гостин. Водителот не штедеше комплименти за Антиќ, го најави како доживотен бренд на Атланта.

Првиот човек на КФСМ зборуваше за деновите минати во дресот на „јастребите“, за неговата функција во Македонија, како и за трите сина.

„Убаво да се видат луѓето, убаво да се биде тука. Тоа беше специјален тим, верувавме во системот, имаше одлична хемија, фановите ни даваа поддршка, па токму затоа моравме да извадиме 100% од нас“, рече Перо, кој за неговата мисија во КФСМ истакна:

„Се обидуваме да ја оживееме кошарката, сакаме да ги научиме младите да ја сакаат кошарката, а потоа да мислат на парите“.

Доста интересно е што еден од трите сина на Перо игра фудбал. Станува збор за најмладиот, Петар. Лука има 17 години тој веќе игра во јуниорската репрезентација, додека и средниот син Павел исто така игра кошарка.

ПретходноГвардиола веќе нема дилеми кој е најдобар играч на Реал: Со него на Бернабеу една минута е како вечност
СледноСурово но вистинито? Дали овие зборови најдобро го опишуваат Ерлинг Халанд?