Лука Дончиќ е неверојатен – стана вистинска трипл-дабл машина (ВИДЕО)

436

Лука Дончиќ го уништи Шарлот Хорнетс, кого неговиот Далас го совлада со 130:104.

Словенецот веќе во првиот дел им го најави крајното сценариот на противниците, постигна 21 поен, додека целата противничка екипа имаше 18. Мавс целосно ја контролираа играта, прашање беше само колкава ќе биде разликата на крајот.

Лука Дончиќ мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 39 поени, 12 скока и 10 асистенции. Го следеше Гафорд со 26 поени. Бриџис постигна 22, а Милер 21 поен за Хорнетс.

И Никола Јокиќ имаше уште една одлична вечер. Денвер Нагетс како гости ја совладаа Јута Џез со 111:95, а Јокиќ мечот го заврши со 28 поени, 13 скока и седум асистенции.

Резултати:
Шарлот – Далас 104:130
Филаделфија – Детроит 120:102
Торонто – Индијана 123:140
Атланта – Мајами 111:117 п
Милвоки – Бостон 104:91
Чикаго – Њујорк 117:128
Хјустон – Орландо 118:106
Мемфис – Сан Антонио 87:102
Минесота – Вашингтон 130:121
Оклахома – Сакраменто 112:105
Јута-Денвер 95:111
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 120:1
Феникс – ЛА Клиперс 92:105
Портланд – Њу Орлеанс 100:110

ПретходноАтомски фудбал во Мадрид – ревија на убави голови и реми меѓу Реал и Сити
СледноАнчелоти го оствари она што на ниту еден друг тренер во ЛШ не му успеало