По оние синоќешни спектакли во Мадрид и Лондон, вечерва од 21 часот се играат првите мечеви од преостанатите четвртфиналиња во ЛШ. Можеби по имиња не толку атрактивни како на пример Реал – Сити, но зарем не е спектакл на “Паркот на принцовите“ дуелот меѓу ПСЖ и Барселона. Килијан Мбапе ја игра последната сезона за “светците“ па секако дека посакува со освојување на „ушлето“ да се раздели со Париз. А една од пречките до таму е Барселона. Луис Енрике со Барса ја освои ЛШ, а сега тоа го посакува и со ПСЖ.
Секако дека тоа ќе биде спектакл на задоволство на фановите.
За ПСЖ нема да настапат Кимпембе, Курзава и Серхио Рико, додека под знак прашалник се Хакими и Мукиеле.
Барса тешко дека ќе стигне до титулата во Ла Лига, па затоа ЛШ и последна шанса за титула оваа сезона.
Чави Ернандез нема да може да смета на Гави и Балде, а тешко дека ќе играат и Педри, Кристенсен и Де Јонг.
Објективно најмалку атрактивна двојка во ова четвртфинале е Атлетико Мадрид – Дортмунд. Екипата на Чоло Симеоне е во улога на фаворит, но да не заборавиме дека реваншот се игра на “Сигнал Идуна Парк“ пред 85.000 фанови на Дортмунд.
Затоа вечерва на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид и тоа како ќе биде супер интересно.