Новак: ОИ во Париз ми се приоритет!

90

Се чини дека и дефинитивно Новак Ѓоковиќ ги разреши сите дилеми околу тоа дали, поради ОИ во Париз, ќе го пропушти Вимблдон. Се шпекулираше дека Србинот сака злато во Париз, па затоа има намера да го “жртвува“ најважниот Гренслем во светот на тенисот.

Сепак, еве што самиот Ѓоковиќ кажува:

Ова е олимписка година. Олимписките игри се ретки, се одржуваат на секои четири години па јасно е дека оваа сезна настапот во Париз ми е приоритет. Јасно е дека Гренслемовите ми се важни, периодот од Ролан – Гарос, Вимблдон и УС Опен се во три месеци, а сега тука се и ОИ во Париз и затоа морам да бидам максимално подготвен. Во овој период треба да го одиграм својот најдобар тенис. Гренслемовите ми се важни, но реков дека ОИ во Париз ми се највисок приоритет“ посочи најдобриот тенисер во историјата.

Инаку да споменеме дека Новак сеуште нема злато на Олимписките игри и оваа година ја има последната шанса.

ПретходноЗа 8 милиони евра по сезона: Конте седнува на клупата на Наполи?!
СледноФановите му фаќаат сеир: Еве што прави Халанд кога се игра голем натпревар!