Пелистер ја искористи домашната предност и поведе со 2-0 против Еуро Никел

90

Пелистер уште еднаш покажа дека се наоѓа во подобра форма од екипата на Еуро Никел и во вториот меч на домашен терен во четвртфиналето на плеј-офот стигна до победа. Тимот на Дарко Радуловиќ вечерва славеше на свој терен со 90:85 и дојде до предност од 2:0 и на само една победа до пласманот во полуфиналето.

Битолчани денеска беа подобар тим во скоро целиот меч. Првиот период им припадна со 32:27, а до крајот на првиот дел успеаја да ја зголемат предноста и на плус 6 (46:40).

Во вториот дел решени порано да го решат прашањето на победникот, домашните продолжија со одлична игра и Костоски, Планиниќ и Маслинко успеава да ја одржат разликата против жилавиот кавадаречки состав. Сепак во последната минута од мечот гостите се потрудија да внесат и голема неизвесност, откако со тројката на Меквин дојдоа на само -3 (88:85) на 18 секунди до крајот.

Во последните 11 секунди Пелистер имаше две слободни фрлања, но Стојановски ги промаши и двете и им даде шанса на гостите со тројка да израмнат. Сепак, обидот на Младеновиќ за три поени беше неуспешен, а победата во последните секунди со два поени ја запечати Костоски од линијата за слободни фрлања.

ПретходноКуманово и Прилеп уште чекор поблиску до опстанокот
СледноНавивачите на Рома собраа пари за да ја платат казната на Манчини