Перо Антиќ специјален гостин на Атланта Хоукс

974

Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, деновиве е во посета на неговиот поранешен клуб од НБА лигатa, Атланта Хоукс.

А во главниот град на Американската сојузна држава Џорџија, предводникот на македонската кошарка, имаше убава можност да се сретне и со дел од соиграчите со кои во периодот од 2013 до 2015 година, „делеше и добро и лошо“.

Како на пример со еден од најдобрите шутери, особено за три поени, во најсилната лига на светот, Кајл Корвер, како и Екпе Јудо, кој сега е дел од стручниот тим на Атланта, а заедно со Антиќ беше дел од славниот тим на Фенербахче од Истанбул со кој стигнаа и до титулата на шампион во Евролигата.

Антиќ стигна да биде и дел од публиката на натпреварот помеѓу екипите на Атланта Хоукс и Мајами Хит, и да му даде поддршка на тимот од Џорџија, за кој сега настапува уште еден негов голем пријател – Богдан Богдановиќ.

Освен тоа беше почестен, со специјално интервју, и да го „најави“ овој натпревар, исклучително важен за Хоукси, ако се знае дека се во борба за местата кои водат во плеј-офот од НБА лигата:

ПретходноАнчелоти го оствари она што на ниту еден друг тренер во ЛШ не му успеало
СледноГвардиола веќе нема дилеми кој е најдобар играч на Реал: Со него на Бернабеу една минута е како вечност