Во Битола нема простор за незадоволство. Иако Пелистер во Скопје, во последните 11. минути не успеа да постигне гол, покажа слабост, нерешителност, ранливост и безидејност, сепак фановите одлучија да ги пречекаат и да ги охрабрат пред продолжение на битката за титулата.
Пелистер е во пол-позиција, решавачка ќе биде пресметката со ГРК Охрид, доколку тука слават, втора година по ред во Битола ќе се слави титулата.
Она што паѓа во очи е дека избраниците на Бранко Ангеловски своите сили ги насочија погрешно. Против Алкалоид, предводникот на битолчани цел меч играше со најсилен состав иако пред себе имаше далеку помлад состав. А мотивот кој можеше да се види во Автокоманда беше на момент и чуден, бидејќи рамноправноста на силите на теренот не беше еднаква, како на пример против Вардар 1961. Па наместо да сочуваат сили за дербито, тие се истрошија безпотребно. Во СЦ „Јане Сандански“ паднаа во важните моменти.
Голема среќа што овој прв пораз засега не е фатален во однос на титулата.