Работнички се намачи, но и вторпат го победи Феникс 2010 (ФОТО)

132

Кошаркарите на Работнички максимално ја искористија предноста на домашниот терен и во воведните два меча од четвртфиналето на плеј-офот успеаја да прокнижат победи против градскиот ривал Феник 2010. Вечерв аво вториот дуел, Работнички по голема борба и со многу напор на крајот славеше со 100-94 со што поведе со 2:0 во серијата до три победи.

Феникс 2010 денеска одлично го почна мечот и во првите две четвртини беше подобар тим од домаќините. Решени да одат на „брејк“ кошаркарите на тренерот Дервишевич успеаја во првите 20 минти да направат предност од 11 поени со која заминаа на пауза. Одличен прв дел имаа Метјус и Рис кои на одмор заминаа со 18, односно 16 постигнати поени.

Во вториот дел Работнички се „разбуди“ и успеа да направи пресврт. Предводени од фантастичниот Трис кој на крајот застана на 32 постигнати поени, момците од Дебар Маало успеаја да дојдат до посакувана втора победа. Кај Работнички одличен меч имаше и Рикиќ со 23 поени, додека Џелетовиќ по оние 9 поени во првата четвртина до крајот стигна до 14 постигнати поени. Кај екипата на Феникс 2010 Рис заврши со 30 поени, додека Метјус имаше 24.

ПретходноДрама без победник: Мулти Есенс и Голден Арт поделија по бод
СледноКуманово и Прилеп уште чекор поблиску до опстанокот