РК Охрид предводен од Стевче Алушовски има одлична сезона, тимот од Охрид и тоа како добро игра во нашата ракометна Суперлига. Сепак плановите на раководството на клубот се во следната тимот да биде уште посилен.
Па така според реномираниот портал “Балкан – Хендбол“, некогашниот член на Веспрем и сегашен ракометар на Војводина, Живан Пешиќ (32), вече постигнал договор со тимот од Охрид за наредната сезона.
Секако дека Пешиќ и тоа како ќе биде екстра засилување за РК Охрид.
ФОТО: Балкан – хендбол