Како што денеска ексклузивно објавува влијателниот романски портал ГСП.РО, Дарко Велковски во јуни би можел да направи трансфер од Динамо Букурешт во Рапид Букурешт.
Се вели дека од раководството на Рапид, еден од најдобрите клубови во елитната лига на таа земја, не кријат дека се силно заинтересирани за македонскиот репрезентативен дефанзивец и дека веќе извесно време тој се наоѓа под мониторинг на скаутите на Рапид.
Инаку познато е дека Велковски со Динамо Букурешт има договор до јуни и затоа без проблем може да се пресели во таборот на градскиот ривал.