Супер интересна вест доаѓа од Русија, која потоа ја преземаат речиси сите релевантни медиуми во Европа. Имено Спартак Москва испратил понуда до Маурицио Сари, некогашниот тренер на Наполи, Јуве, Челзи и до неодамна Лацио, со цел да седне на клупата на овој руски великан.
Одговорот на Сари бил дека тој искрено се заблагодарува на таа понуда, но истата не може да ја прифати зошто веќе во јуни ќе го презеде Милан.
Познато е дека Стефано Пиоли си заминува од Милан, но дали баш Сари е идеалното решение за “росонерите“, останува да се види.