Дени Марфи (47) во свое време беше еден од клучните играчи на Ливерпул. Долго играше за “Редси“, со кои освои и шест трофеи, но не успеа да дојде до најважниот, оној во Премиерлигата.
Деновиве во еден подкаст Марфи признал дека откако престанал да игра фудбал станал зависник од кокаин:
“Кога фудбалот ќе го снема во вашиот живот, тогаш доаѓаат големи проблеми. Кога сте играч тогаш адреналинот ве држи фокусиран, а потоа ете ти ги проблемите. Не кријам дека станав зависник од кокаин, како да не можев без него, а се знае дека можев. Дојдов во фаза во која ништо не можев да правам без кокаин“ изјави Марфи.