Сурово но вистинито? Дали овие зборови најдобро го опишуваат Ерлинг Халанд?

1419

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа 3-3 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во првиот четврт-финален натпревар против Реал Мадрид.

Спектакуларна пресметка и голови за кои долго ќе се зборува. Би се рекло дека Манчестер Сити е во предност, имајќи предвид дека одигра нерешено на гости.

Она што на некој начин може да го загрижи Пеп Гвардиола е играта на Ерлинг Халанд во натпревари од сличен тип. Норвежанецот беше сопрен од врвни стопери, без да ја покаже својата голгетерска моќ. Тој синоќа во Мадрид беше во џебот на Антонио Ридигер.

Секако дека Халанд е тип на играч кој не е карактеристичен за моделот на играта на Пеп Гвардиола, бидејќи тој не е во симбиоза со додавањето и топката пред неговите нозе, туку пред противничкиот гол, каде е убиствен ѕвер и тоа не може да се спори.

Се верува дека Хулијан Алварез повеќе ќе придонесе во типот на играта, па нема да чуди доколку Гвардиола се реши да оди со Аргентинецот во Манчестер. Повеќедимензионалниот напад на Сити и како можеше да најде дупки во одбраната на Реал, кои ги имаше и покрај брилијантниот настап на Тони Ридигер.

“Тој беше многу лош. Ако не постигнува голови, тој е прилично бескорисен. Мислам дека тој е многу просечен играч со топката во неговите нозе. Неговите соиграчи го прескокнуваат. Тој беше најлош на теренот”, изјави поранешниот игра на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт.

ПретходноКомплименти за првиот човек на КФСМ: Перо Антиќ е доживотен бренд на Атланта
СледноПо поразот од Вардар, „Чкембари“ ги пречекаа ракометарите: Шампиони, шампиони…(ВИДЕО)