Уапсени две лица за време на ракометното дерби, едното е од Словенија!

341

Како што известуваат од страна на МВР, вчера за време на ракометното дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер, уапсени се две лица и тоа поради сторен прекршок по Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар.

По целосното документирање на случаевите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Едниот од приведените е Д.Т (30) од Словенија, додека другиот е С.А (22) од Скопје.

Да кажеме дека по мечот од Битола се пожалија дека биле нападнати нивни навивачи на вчерашното дерби во салата “Јане Сандански“ во Скопје.

ПретходноАртета е оптимист: Можеме да победиме во Минхен
СледноЗа 8 милиони евра по сезона: Конте седнува на клупата на Наполи?!