Вчера на “Сантијаго Бернабеу“ во тој епски дуел разочара само Елинг Халанд. Норвежанецот не успеа да дојде во гол – шанса а камоли да ја затресе мрежата на Реал. Ова по малку како да станува симптоматично. Кога Сити игра меч против некој послаб ривал тогаш Халанд знае да даде и по 3-4 гола, но кога се игра дерби, кога се игра голем меч, него никаде го нема.
Денеска по него “удрија“ и Рафаел ван дер Варт како и Тијери Анри, а социјалните мрежи и интернет се преполни со карикатури со кои му се фаќа сеир на Норвежанецот.
Сепак највпечатлива е онаа во која е прикажан Халанд како спие додека се игра голем натпревар.