Лука Дончиќ собори рекорд на Далас стар повеќе од 40 години

145

Далас го победи Шарлот Хорнетс со 130:104 и стигна до 15. победа во последните 17 натпревари во НБА лигата. Со скор од 49/30, со што обезбеди настап во плеј-офот за шампионски прстен. Словенецот Лука Дончиќ одигра уште една одлична партија.

Најдобриот стрелец во НБА (33,9 поени во просек) го заврши овој натпревар со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции за неговиот 21-ви трипл-дабл оваа сезона. Севкупно, тоа беше негов 77-ми во кариерата во НБА-лигата и со тоа се израмни со Џејмс Харден на осмото место на листата што ја забележува таа статистика.

Тоа што уште повеќе се издвојува по овој натпревар е тоа што со оваа игра Дончиќ го постави рекордот на Далас по бројот на постигнати поени од еден играч во една сезона. Моментално има 2341 поен, а рекордот претходно го држеше Марк Агире со 2330 поени кои ги постигна во сезоната 1983/84.

„Ова многу ми значи. Играм за франшиза која ме избра на драфтот и ми ги даде клучевите. Среќен сум што сум тука“, изјави Дончиќ по натпреварот во кој веќе постигна 21 поен на прва четвртина.

ПретходноАнчелоти: Ако играме вака и на реваншот, имаме големи шанси за полуфинале!
СледноВреме е Аеродром да се разбуди: МЗТ Скопје го пишува патот во плеј-офот, Широки мора да падне!