Навивачите на Рома започнаа кампања за собирање средства за да соберат пари за плаќање на казната за играчот на Рома, Џанлука Манчини. Дефанзивецот беше казнет откако во дербито против Лацио ја прослави победата со знаме на кое беше прикажан стаорец во боите на римските „орли“.
Токму Манчини го постигна победничкиот гол за Рома, а по натпреварот се оправда со тоа што го зеде првото знаме што му беше дадено и воопшто не знаејќи што е испишано на него. И покрај извинувањето, фудбалерот е казнет со 5000 евра.
Навивачите на Рома за помалку од 14 часа собраа повеќе од 7000 евра за да ја платат казната на фудбалерот.