Четвртиот тенисер на светот, Данил Медведев е елиминиран од Мастерсот во Монте Карло откако доживеа пораз од Карен Хачанов со 6-3 и 7-5 во осминафиналето. А и петтиот светски тенисер Александар Зверев е елиминиран од турнирот, подобар од него беше Стефанос Циципас со 7-5 и 7-6(7-3).
Па така во четвртфиналето ќе вкрстат Циципас и Хачанов.
Во следната фаза се пласираа уште Холгер Руне по триумфот над Нагал од Индија со 6-3, 3-6, 6-2 потоа Димитров кој беше подобар од Кецмановиќ со 6-4 и 6-3.