Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е блиску до трансфер во ПСЖ, кој му нуди четиригодишен договор со плата од 13 милиони евра годишно, пишува ll Matino.
Според изворот, францускиот гигант е подготвен да плати отштета од 120 милиони евра за нигерискиот напаѓач. Исто така се нагласува дека според договорот со ПСЖ, Осимен ќе ги поседува неговите имиџ права.
Да потсетиме дека оваа сезона Осимен настапи на 26 натпревари на сите турнири, на кои постигна 14 гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2026 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 110 милиони евра.