Ц. Звезда се изрезили во Истанбул, Партизан остана без плеј-ин

497

Кошаркарите на Црвена звезда доживеаја дебакл во Истанбул и загубија од Ефес со 100:55 во последното коло од Евролигата, оставајќи го Партизан без пласман во плеј-ин делот. Имено, победа на „црвено-белите“ над турскиот тим на Партизан му даваше надеж дека може да остане во трка за 10. место.

Сепак, откако Црвена звезда вечерва одигра срамно на Босфорот, „црно-белите“ останаа без шанса да се најдат во разигрувањето. Со овој триумф Ефес се зацврсти на десеттото место, последното кое води во плеј-ин, бидејќи утре Партизан и да победи ќе има победа помалку од нив.

Во останатите завршени дуели вечерва Монако го совлада Баерн (М) со 89:85, додека Реал (М) со 64:62 однесе победа од гостувањето кај Жалгирис.

Претходно(У18) Одбојкарките загубија од Србија во првиот меч од квалификациите за ЕП
СледноБогдановиќ го собори рекордот на Тре Јанг по бројот на постигнати тројки