Најдобриот играч во НБА покажа дека покрај спектаклот на теренот, може да понуди и шоу и пред почетокот на мечот.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше најжешкиот играч на НБА мечот на кој настапи во дербито на Западната конференција. Денвер ја совлада Минесота (116:107), а центарот од Сомбор одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. Постигна 41 поен, имаше 11 скока и седум асистенции и приреди шоу на теренот.
Кога на почетокот на натпреварот застана на средината на теренот да се бори за топката против францускиот центар Руди Гобер, Јокиќ приреди спектакл. Дури пет пати скокна пред судијата да ја фрли топката – соиграчите и противниците останаа во шок, а навивачите во салата и покрај телевизорот се смееја на потезите на центарот кој по трет пат ќе ја добие наградата МВП во лигашки дел од сезоната на крајот од сезоната. Погледнете како тоа изгледаше:
Nikola Jokic jumped for tipoff FIVE times 🤣 pic.twitter.com/azgFoeYvEJ
— ESPN (@espn) April 11, 2024