Алонсо откри зошто ги одби Баерн и Ливерпул

1102

Поради феноменалната работа која ја работи на клупата на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо стана најбараниот менаџер на пазарот, а во последно време неколку екипи се обидоа да го доведат.

Пред се за неговиот потпис се бореа два гиганти и тоа Баерн Минхен и Ливерпул. Сепак, ниту една од овие две екипи на крајот не успеа да го обезбеди потписот на одличниот Шпанец.

Додека целиот свет, секако фудбалскиот свет, ја чекаше одлуката на Чаби Алонсо дали од следната сезона ќе биде тренер на Баерн или Ливерпул, тој ги изненади сите со тоа што реши да остане во Баер Леверкузен и следната сезона.

Секако, и тоа имаше смисла, бидејќи Шпанецот од неговото доаѓање практично го преврте овој тим и од тим кој се бореше за опстанок ги донесе до врвот во Бундеслигата, а практично само прашање на време е кога ќе и официјално ќе стане нов шампион на Германија.

Моментално Баер Леверкузен е на првото место во Бундеслигата со дури шеснаесет бодови пред големиот ривал Баерн Минхен, а тоа најдобро покажува каков фудбал играат.

И покрај понудите од Баерн и Ливерпул, Чаби Алонсо реши да му остане верен на Баер Леверкузен, па и следната сезона ќе го води овој тим. Минатиот месец тој јавно кажа се:

„Имав одличен состанок со челниците на Баер Леверкузен, им кажав дека ќе останам и ќе продолжам да работам во клубот. По многу разговори за мојата иднина, решив да излезам во јавноста и да кажам која е мојата одлука. Ова е местото за мене“, изјави тогаш Чаби Алонсо.

Во неодамнешното интервју Алонсо јасно ги кажа причините поради кои ги одбил Баерн и Ливерпул, па решил да остане во Баер Леверкузен.

„Имаме навистина многу причини за оваа одлука. По една година градиме тим овде. Градиме голем тимски дух овде. Има многу причини и многу играчи кои ме тераат да сакам да останам. Оваа сезона досега беше одлична. Сепак, сите сме свесни дека сакаме да продолжиме заедно. Се чувствувам како дел од клубот. По една година едноставно не се чувствувам дека треба да одам. Не е вистинското време. Затоа останав“, јасно изјави Чаби Алонсо.

ПретходноУште еден Македонец ќе го облече дресот на Ваљадолид
СледноЧави: Покажавме дека сме живи, горд сум на овој тим!