Брутална партија на Никола Јокиќ, Србинот влезе во историјата на НБА (ВИДЕО)

4164

Дербито на Западот му припадна на Денвер, кој ја совлада Минесота со 114-106 благодарение на одличната последна четвртина и секако Никола Јокиќ кој одигра брутална партија.

Србинот беше незадржлив, постигна 41 поен, 11 скока и седум асистенции. На овој натпревар Никола Јокиќ ја препиша историјата и го престигна легендарниот Вилт Чембрлен, кој има 4643 асистенции. Сега пред него е само еден кошаркар, а тоа е Карим Абдул-Џабар со неверојатни 5660 асистенции.

Резултати:

Кливленд – Мемфис 110:98
Атланта – Шарлот 114:115
Бруклин – Торонто 106:102
Мајами-Далас 92:111
Милвоки – Орландо 117:99
Оклахома – Сан Антонио Спарс 127:89
Денвер – Минесота 116:107
ЛА Клиперс – Феникс 108:124

ПретходноАлпин не ги оствари очекувањата, Рено размислува за негова продажба
СледноВојдан Стојановски е неверојатен, мечот го заврши со стил за големо славје (ВИДЕО)