Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација и лидер на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски зад себе има уште еден неверојатен меч. Тој беше моторот против Широки во второто полувреме, на неговите крила актуелниот македонски првак го врати водството, а во финишот на мечот мајсторски со тројка стави печат на победата, ги постави крајните 85-69.
Овој момент го забележа и АБА2-лига. Уживајте во тројката на Војдан, кој мечот го заврши со 21 поен и беше прв стрелец.