Гвардиола и часовникот од 1,3 милиони евра!

1049

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери на светот, а тој е голем љубител на часовници и на рака носи часовник кој вреди 1,3 милиони евра. Против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, камерите го „уловија“ и неговиот часовник.
Се работи за часовник „Ричард Мил“ и во светот има само 50. Моделот е „РМ27-01 Калибре“ и еден од најлуксузните модели кој постои. Ист таков има и шпанскиот тенисер Рафаел Надал…
Споменатиот модел е еден од најлесните часовници на светот бидејќи има маса од 18,83 грами и е изработен од титаниум, алуминиум и литиум. Креаторите на овој часовник го нарекуваат „триумф на технологијата и инжинерството“.

ПретходноМедведев и Зверев елиминирани од Мастерсот во Монте Карло!
СледноГолманот кој еден месец се бореше за својот живот се враќа на терените