Голманот кој еден месец се бореше за својот живот се враќа на терените

99

Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико доби дозвола да се врати на фудбалските терени и тоа 11 месеци по тешката несреќа. Тој доживеа несреќа додека јаваше коњ и животот му беше во опасност, докторите 36 дена се бореа за неговиот живот додека беше на интензивна нега и на крајот успеаја да му го спасат животот.
Во болница помина десет недели, а во јуни излезе од кома.
Сега доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите. Тој веќе на крајот на април ќе може да почне да работи за да ја врати својата форма.

ПретходноГвардиола и часовникот од 1,3 милиони евра!
СледноТросар: Можевме да му дадеме три гола на Баерн во првите 15 минути