Во првите два натпревари од четвртфиналната програма од Конференциската Лига екипата на Олимпијакос оствари победа со 3:2 против екипата на Фенербахче. Во дербито кое се одигра во Атина можевме да видиме одличен фудбал со многу шанси на двете страни. Првиот погодок на натпреварот го постигна Фортунис во 8-та,а во 32-та минута Јоветиќ зголеми на 2:0. Во 57-та минута Чикињо постигна трет гол за Олимпијакос и се чинеше дека ова ќе е целосен потоп на турскиот тим. Но фудбалерите на Фенербахче ја превзедоа иницијативата и постигнаа два погодоци преку Тадиќ во 67-та и Кахвечи во 74-тата минута. До крајот Турците не успеаја целосно да се вратат и ќе мораат да бркаат еден гол негатива во реваншот.
На вториот натпревар во Плзен со 0:0 ремизира екипите на Викторија и Фиорентина. Иако се очекуваше дека Фиорентина ќе оствари лесна победа сепак домашните одлично се одбранија и ќе се обидат да направат целосно изненадување во реваншот за седум дена.