ЛЕ: Кошмарна ноќ на „Енфилд“, Аталанта го растури Ливерпул (ВИДЕО)

1130

Вистинска ноќна мора преживеаја навивачите на Ливерпул во првиот четвртфинален меч од Лигата на Европа. Вечерва на „Енфилд“ Ливерпул беше посрамен и понижен од екипата на Аталанта која оствари фантастична победа од 3:0 и со една нога зачекори кон полуфиналето на второто по ранг европско натпреварување.

Неверојатно лошиот Ливерпул, кој едноставно не одигра ништо, само и помогна на мотивираната Аталанта да дојде до историски резултат. Скамака со голот во 38. минута ги однесе гостите на пауза со предност од 0:1, а истиот фудбалер во 60. минута ја најави катастрофата на момците на Јирген Клоп. Точка на трагедијата на „црвените“ стави Пашалиќ со голот во 83. минута.

Без разлика на квалитетот на Ливерпул, само чудо може да го однесе тимот на Клоп во следната рунда.

Вечерва во Лигата на Европа вредна победа оствари и Баер (Л) кој на домашен терен со 2:0 беше подобар од Вест Хем. Головите за победа на најверојатниот нов првак на Германија ги постигнаа Хофман и Бонифаце во второто полувреме.

Победа на домашен терен оствари и Бенфика, која со 2:1 беше подобра од Олимпик (М), додека во големото италијанско дерби Рома замина триумфално од Милано совладувајќи го Милан со 1:0 благодарение на голот на Манчини во првото полувреме.

ПретходноМанчестер Ј. останува без Варан цел април
СледноТФТ не греши двапати, го освои Чаир и изедначи на 1-1!