Искусниот дефанзивец на Манчестер Ј., Рафаел Варан ќе мора да го пропушти цел април поради повреда.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед се повреди на натпреварот против Челзи (3:4), а клубот објави дека францускиот фудбалер ќе пропушти неколку недели поради оштетување на мускулот. Тој ќе се врати на терените во мај, кон крајот на сезоната.
Повреда на мускулот заработи и Џони Еванс, но тој ќе го пропушти натпреварот против Борнмут на 13 април.