МЗТ Скопје направи голем чекор кон пласманот во полуфиналето плеј-офот во АБА2-лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен го совлада Широки со 16 поени разлика (85-69), останува за шест дена да ја потврди играта и да се најде чекор поблиску до остварување на сонот – АБА-лига.
На радарот во ова натпреварување покрај Војдан Стојановски се најдоа и навивачите на МЗТ Скопје. АБА2-лига имаше комплименти и за нив – потенцирајќи дека направиле електрична атмосфера.
Влезот во СЦ „Јане Сандански“ беше слободен, а сите кои дојдоа уживаа во магијата на своите миленици, особено во второто полувреме во кое беа на ниво на задачата.