Екипата на ГРК Охрид дојде до шестата победа во плеј-офот, откако на домашен терен славеше против Бутел Скопје so 33-28 во последниот меч од осмото коло. Со новите бодови, избраниците на Стевче Алушовски се вратија на третото место на табелата со 20 бода, еден помалку од Вардар 1961, три од лидерот Пелистер. На другата страна за скопскиот тим ова беше седми пораз.
Цирар со шест гола беше прв стрелец, по пет гола имаа Ојлески и Јукич. На другата страна Николов повторно беше најдобар, овој пат запиша девет погодоци.
Охриѓани не видоа голема мака, отворија со 6-2, на другата страна Бутел Скопје успеа да дојде на два гола разлика (10-8 и 11-9). Домаќинот максимално ја искористи предноста на домашен терен на одморот замина со предност од 18-13.
Во второто полувреме, охриѓани ја имаа контролата на мечот, не им дозволија на гостите да се заканат сериозно.